Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола издвои бизарна причина за потешкотиите на Сити против Плимут во ФА Купот

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Микел Артета си бараше оправдувања во лошиот квалитет на топката по поразот од Њукасл во Карабао Купот, а со сличен став се јави и Пеп Гвардиола за официјалната топка во второто Куп натпреварување во Англија.

Манчестер Сити вчера се пласираше во четвртфиналето во ФА Купот после тешко извојувана победа против Плимут, натпревар на кој „граѓаните“ мораа да прават пресврт за да избегнат голем срам на „Итихад“.

Младиот О’Рајли со два погодоци беше херој во пресвртот на Сити, додека последниот гол на мечот го постигна Кевин Де Брујне за 3:1.

И покрај пласманот во четвртфиналето, Сити прописно се намачи против второлигашот кој е претпоследен во Чемпионшип, а според Гвардиола, една од причините е лошата топка со која се игра во ФА Купот.

– Да бидам искрен, не знам колку големи шанси не ни завршија со удари во голот поради топката. Оваа топка навистина е тешко да ја спроведете онаму кадешто сакате, едноставно прави што сака во даден момент. Како и да е, мораме да бидеме задоволни што толку години во низа продолжуваме да бидеме дел од четвртфиналето во ФА Купот, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни