Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола истакна еден фудбалер: Го одигра најдобриот натпревар откако е во Сити

Објавено

на

Јавноста е преокупирана со игрите и головите на Ерлинг Халанд, но менаџерот Пеп Гвардиола истакнал друг фудбалер како најдобар поединец на Манчестер Сити во дуелот со Вест Хем.

Шампионот победи на гостувањето во Лондон, а Гвардиола не штедел комплименти за Кајл Вокер.

– Дефанзивната четворка беше одлична, Вокер беше неверојатен, веројатно одигра еден од најдобрите натпревари откако соработуваме.

– Не само дефанзивно, беше вклучен во се што се случуваше на теренот, сакаше да игра со топка и добро го правеше тоа, – изјавил Гвардиола.

Шпанскиот тренер го истакнал и Илкај Гундоган, односно неговото значење за тимот на Сити.

– Тој беше едно од првите засилувања кога дојдов овде, со него можете да зборувате за животот, за фудбал, неверојатен човек и фудбалер кој ја разбира играта перфектно. Секогаш сака да игра и за мене е еден од најважните фудбалери со кои располагаме, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни