Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола испрати порака до Ливерпул и нивната повредена ѕвезда Ван Дајк

Објавено

на

blank

Ливерпул и Манчестер Сити во последниве години развија големо ривалство во Премиер лигата, два состави кои се издвоија од останатите и водеа битка за титулата.

„Црвените“ и „граѓаните“ имаа свои моменти, успеваа да дојдат до пехарот, но без разлика на ривалството, секогаш меѓу нив имало почит, а уште една потврда за тоа е порака која тренерот Пеп Гвардиола ја испрати до Ливерпул и нивната ѕвезда Вирџил Ван Дајк кој поради потешка повреда подолго време ќе отсуствува од терените.

-Не можам да кажам како ова ќе влијае на Ливерпул, за тоа треба Клоп да зборува. Му посакуваме брзо да се оправи и добро да закрепне. Не сакам противниците да губат важни играчи подолго време. Не го познавам, но тој изгледа силно, така што ќе се врати. Ќе почекаме да се врати – Премиер лигата е подобра со добри играчи и тој е еден од најдобрите. Брзо заздрави и секое добро за него, неговото семејство и сите, -порача тренерот на клубот од Манчестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни