Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола испрати јасна порака: Се знае кој ги плаќа фудбалерите, никогаш не сум бил бесен како минатата сезона

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола има тежок старт на новата натпреварувачка сезона поради здравствениот билтен и повредите на неколку важни играчи, а последниот на кој не може да смета е Кајл Вокер.

Десниот бек се врати повреден од тренинг кампот на Англија и се придодаде во низата повредени играчи која е доста долга, па пред мечот со Спарта Прага во Лигата на шампионите, Шпанецот реши да ги потсети репрезентациите и Федерациите дека треба повеќе да внимаваат на фудбалерите.

– Играњето за репрезентацијата е нешто посебно, секогаш сум ги охрабрувал играчите да одат на репрезентативни задачи. Но, ако играте неважен меч и играте пријателска, едноставно не смеете да се вратите повреден.

– Се знае кој ги плаќа фудбалерите, клубовите издвојуваат огромни суми на пари за нас, а не репрезентациите. Треба да се има почит кон клубовите, не смее да се случи да се врати повреден играч после пријателска.

– Никогаш не бев бесен како минатата сезона. Стоунс ни се врати повреден пред четвртфиналињата со Реал Мадрид и бев бесен и разочаран. Двајца играчи ни се повредија на пријателски и тоа воопшто не ми се допаѓа, – потенцира Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни