Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола испрати јасна порака: Ќе се вратам во Барселона, но во една сосема поинаква улога!

Објавено

на

Пеп Гвардиола одржа прес-конференција по победата која ја оствари Манчестер Сити на гостувањето кај Шефилд Јунајтед, а истата шпанскиот стручњак ја искористи за да испрати една јасна и концизна порака за шпекулациите кои кружат во шпанската јавност.

Со оглед на тоа што тече неговата последна година од договорот со Манчестер Сити, се појавија гласини дека тој би можел да се врати на „Камп Ноу“ како тренер на новиот проект кој ќе го има идниот претседател на клубот, но Пеп денеска го демнатираше сето ова и нагласи дека неговата етапа како тренер на Барса е завршена и никогаш нема да има втора.

– Мојата кариера како тренер на Барселона заврши и никогаш нема да има втора етапа. Мојот период како тренер на Барса заврши, мислам дека некои работи треба да се прават само по еднаш во животот.

– Има други луѓе кои можат да вршат неверојатни работи место мене. Роналд Куман е фантастичен тренер, моето време заврши. Тука сум среќен, сакам да останам во Сити и да имам добра работа до крајот на оваа сезона.

– Ќе се вратам во Барселона, во мојот град, но во една сосема поинаква улога. Ќе се вратам да гледам натпревар како фан, тренерската етапа е завршена. Сега следат претседателски избори во Bарселона и ќе дојдат нови луѓе кои ќе се обидат да го вратат клубот на највисоко ниво. Моја задача е да имам добра сезона и целта е да останам во Манчестер уште неколку години, – нагласи Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни