Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола испорача сериозно ветување: Ако ги освоиме трите трофеи сезонава…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити зад себе има неверојатна сезона во која ги освои трите најпосакувани трофеи и првпат во клупската историја стана европски клупски шампион.

Избраниците на Пеп Гвардиола ќе имаат многу тешка задача да го повторат овој успех и да ги одбранат трофеите, пред се поради уште посилната и поподготвената конкуренција.

Тоа му е јасно и на шпанскиот менаџер, кој вечерва пред дуелот со Астон Вила испорачал ветување до јавноста.

– Ако сезонава ги освоиме трите трофеи, тогаш дефинитивно ќе ја завршам тренерската кариера и ќе се пензионирам, – рекол Гвардиола.

По три ремија по ред, Сити вечерва игра против незгодната Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни