Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Имавме среќа, математиката е важна на крајот на сезоната

Објавено

на

Манчестер Сити се избори за триумф над Вест Хем од 2-1, победа со која „граѓаните“ направија уште еден исчекор кон титулата во Премиер лигата.

Ова за Сити воедно беше продолжување на извонредната серија на резултати, 14 славје во низа во шампионатот, вкупно 20 во сите натпреварувања. Секако Пеп Гвардиола беше среќен поради остварениот резултат, но не и изданието на неговите играчи кои не блескаа на „Итихад“.

-Денес по 45 минути сфативме дека нема да насликаме ништо убаво. Во второто полувреме бевме многу подобри од првото. Кога играте многу натпревари, во лигата, а потоа и во Лигата на шампионите ова е нормално.

-Имавме среќа да ги освоиме сите три бода. Математиката е важна на крајот на сезоната, -порача Гвардиола кој стана менаџер на кого му требале најмалку натпревари за да дојде до 200 триумфи во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни