Англија
Гвардиола има само една желба за следната сезона: Да постигнеме гол на тој стадион (Видео)

Манчестер Сити веќе потврди нова титула во англиската Премиер лига, но тимот на Пеп Гвардиола пред себе има уште две финалиња во кои може да освои уште две важни трофеи.
Гвардиола може да му донесе „триплета“ на Сити и да влезе во клупската историја на уникатен начин, по што ќе треба да се концентрира на наредните предизвици кои ги носи новата сезона.
Во последното интервју за „Скај Спортс“, Шпанецот зборувал на оваа тема и предизвика многу реакции со својот одговор. На прашањето што ќе му биде главна цел следната сезона, Гвардиола се одлучил за елиминација на еден „комплекс“ на Сити. Тимот на Пеп има пет порази на гостувањата кај Тотенхем и тоа без постигнат гол.
– Да постигнеме гол против Тотенхем на гостински терен. Останав во Сити бидејќи сакам да го победам Тотенхем на нивниот стадион, – рекол Пеп, кој со одговорот го изнасмеа новинарот, но со изгледот на лицето и реакцијата уште еднаш покажа дека е многу сериозен во однос на желбата.
If Man City win the treble what’s your next target Pep? 🤔
🗣️ “Score a goal against Spurs away” 🥲 pic.twitter.com/LlW8F61qJF
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 24, 2023
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 13 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 9 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 17 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 7 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)