Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола има големи очекувања од засилувањето од Ла Лига: Од моите крила барам дриблинзи и агресивност

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола го освои првиот трофеј во новата сезона со победата која ја оствари Манчестер Сити во градското дерби со Јунајтед на „Вембли“, натпревар на кој шпанскиот стручњак им даде шанса на млади играчи кои во нормални услови не би биле стартери.

И покрај експериментот, англискиот шампион успеа да победи во пенал рулетот и да ја отвори сезоната на најдобар начин, а во серијата пофалби кои ги подели за неколку играчи, Пеп сега не го заборави и летното засилување за кое не се крена голема прашина.

Бидејќи Савињо беше играч кој е во сопственост на „Сити групацијата“, неговиот трансфер од Џирона во Манчестер и не беше така сензационално пренесен од медиумите, но Пеп е уверен дека во Бразилецот добил големо засилување.

Савињо доби шанса во последните 30 минути и покажа дел од својот репертоар, а подоцна беше и прецизен реализатор на својот пенал.

– Савињо имаше добар став и покажа дека може да игра на двете страни. Има неверојатен квалитет и може да напаѓа по линија, но и внатрешно. Тој сигурно ќе му помогне на Ерлинг да постигне многу голови, беше агресивен и при голот кој го постигна Бернардо. Од моите бекови и крила барам да дриблаат и да бидат агресивни кон ривалот, а тој имаше многу добри 30-тина минути на дебито на официјален натпревар, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни