Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола им објасни на Англичаните зошто нема заработено отказ во кариерата: Ќе ви ја кажам тајната…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Англиските премиерлигаши сменија 13 тренери оваа сезона е тоа е апсолутен рекорд кога се отказите во прашање, со тоа што Челси се покажа како најнетрпелив со третиот тренер кој го ангажираше во период од седум месеци.

Френк Лампард го наследи Грем Потер и ќе го води тимот до крајот на сезоната, со што Тод Боли само продолжи по рецептот на Роман Абрамович, кој претходно исто така немаше многу трпение со тренерите.

За разлика од Челси, Манчестер Сити цврсто се држи до замислите на Пеп Гвардиола и Шпанецот останува тренер кој никогаш нема заработено отказ во својата кариера, па еден од новинарите денеска го запраша како му успева тоа.

– Ќе ти ја кажам тајната. Ние победуваме натпревари. Ако не победувме, ќе бидам отпуштен….

– Не ме задржуваат поради тоа што имам подобра коса од другите. Не добивам отказ бидејќи победуваме на многу натпревари изминативе години. Во оваа земја, во минатото имаше традиција да се задржуваат тренерите. Сега е поразлично, се создава голем притисок, има големи инвестиции и тренерите не траат долго. Понекогаш ви успева, понекогаш не, но мора да се навикнете, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни