Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола и Тухел дадоа идентичен одговор за симпатичната сцена која ја понудија на „Итихад“ (Видео)

Објавено

на

Пеп Гвардиола и Томас Тухел понудија навистина симпатична сцена за целата спортска јавност на Островот, бидејќи покажаа фантастична колегијалност и пријателски однос уште пред големото дерби на „Итихад“.

Англиските медиуми откриваат дека Шпанецот и Германецот воделе десетминутен разговор пред почетокот на големото дерби што е доволен доказ за нивниот добар однос, па дури и во ситуација кога ги чека најважниот натпревар во сезоната, одвоија време еден за друг за да поразговараат за фудбалски работи.

Според гестикулациите на Пеп, може да се заклучи дека една од темите на разговор беше тактичката поставеност на играчите, но сепак ниту двајцата не сакаа да откриваат детали, па дадоа идентичен одговор откако новинарите беа љубопитни и побараа одговори за нивната конверзација.

– Пеп ми ја откри тактиката за финалето во Лигата на шампионите, сега се знам за нивната игра, – шеговито порача Тухел, а сличен одговор даде и Пеп.

– Тухел ми ја понуди тактиката за големото финале во Лигата на шампионите, не требаше да ми каже ништо друго, – со насмевка изјави Пеп по поразот од 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни