Англија
Гвардиола и Сити размислуваат да вратат фудбалер од кого се откажаа последното лето
Манчестер Сити доживеа пет порази по ред и се наоѓа во најголема резултатска криза во ерата на Пеп Гвардиола, па не е изненадување што клубот размислува за засилувања уште во јануари.
По продажбата на Хулијан Алварез, напаѓачката позиција е една од оние на кои Сити има дефицит, па Гвардиола и клубот размислуваат да вратат млад фудбалер од кого се откажаа последното лето.
Се работи за играчот на Ипсвич, Лиам Делап, кој беше член на академијата на Сити од 2019 година, а пред да замине во премиерлигашкиот клуб, настапуваше на заем во неколку англиски екипи.
Делап го чинеше Ипсвич околу 20 милиони фунти, но англиските медиуми тврдат дека Сити оставил клаузула за откупување на фудбалерот по одредена цена, со што ќе има можност да реализира такво нешто наредниот период.
21-годишниот фудбалер веќе постигна шест гола во својот актуелен тим, па Сити сериозно размислувал да го врати играчот за кого веќе се интересираат и други ривали.
-
Свет23 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони19 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Свет23 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија23 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед
-
Шпанија18 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)