Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола и Халанд го налутија Кин: Тоа беше шоу…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Сити беше доминантен во пресметката со Манчестер Јунајтед остварувајќи победа од 3-0 со која потврди дека лошиот период и двата порази од Вулверхемптон и Арсенал веќе се зад нив, поточно се заборавени.

Ерлинг Халанд беше автор на два гола, забележа и асистенција, а по натпреварот голгетерот имаше разговор со тренерот Пеп Гвардиола, разговор кој траеше некое време, ситуација која според Рој Кин била сосема непотребна.

-Таа комуникација по натпреварот беше шоу, луѓето денес прават се за шоу. Тој разговор можете да гоо направите во соблекувалната. Не гледам проблем тоа да се направи на тој начин.

-Халанд постигна убав гол со глава, но за тоа нема потреба да се зборува пет минути на теренот. Одете во тунелот или во соблекувалната и таму прославете ја победата, -порача легендата на „црвените ѓаволи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни