Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Манчестер Сити и Реал Мадрид го играта најинтересниот меч од денешната програма во Лигата на шампионите, средба за која Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти ги одредија играчите кои ќе го започнат соочувањето на „Итихад“.

Интересен е изборот на Пеп кога е во прашање последниот играч за врска, па во ситуација кога ги има Ковачиќ, Гундоган, Нунес како и новото засилување Гонзалес тој се одлучи за Стоунс.

На него треба да му помагаат Де Брујне и Силва, додека во офанзивата ќе бидат Савињо, Грилиш и незаменливиот Халанд. На голот е Едерсон, додека пред него се Аканџи, Рубен Дијаш, Аке и Гвардиол.

Со оглед на повредите, Анчелоти пак одлучи Валверде да ја покрие позицијата десен бек кај Реал, дефанзивна линија во која се уште Менди, Асенсио и Чуамени.

На голот ќе биде Куртоа, додека останатите позиции се за Себалјос, Белингам, Камавинга, Мбапе, Родриго и Винисиус Жуниор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни