Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Халанд постигнуваше голови поради нас

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Ерлинг Халанд постигна само три гола на последните 12 натпревари во Премиер лигата и е далеку од формата која го красеше во изминатите две сезони, па тоа многу брзо му донесе и жестоки критики во јавноста.

Норвежанецот умешно ги избегнуваше новинарите во изминатите два месеци во кои Пеп Гвардиола ја има најлошата резултатска криза во својата кариера, но откако самиот реши да преземе вина за лошата форма на тимот, Халанд константно добива поддршка од својот менаџер.

Гвардиола и денеска застана во одбрана на својот голгетер и нагласи дека тој не е виновен што не се запишува така често во листата на стрелците, бидејќи според него напаѓачот е немоќен да направи билошто кога тимот не игра на посакувано ниво.

– Никогаш не станува збор само за еден играч, проблемот е кај целиот тим. Кога Ерлинг постигнуваше толку многу голови, тоа се случуваше поради нас, поради тимот.

– Истото е и сега, тој не постигнува голови поради тимот. Кога имате проблеми во одбрана и во средина, не може да решите ништо со напад. Ќе беше лесно ако проблемот беше кај еден играч, но не е така. Ерлинг е многу важен за нас и ќе остане важен и во иднина. Мораме да работиме и да го користиме подобро како целина, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни