Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Халанд беше несреќен во Сити само во еден момент

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола и самиот е свесен дека шпанските медиуми постојано го поврзуваат Ерлинг Халанд со трансфер во Реал Мадрид, но менаџерот на Манчестер Сити е убеден дека неговиот напаѓач не планира брзо да го напушти островот.

На последната прес-конференција, Гвардиола ги „поздравил“ мадридските медиуми, алудирајќи на за нив постојано актуелната теза дека Норвежанецот не е задоволен во Сити.

– Не знам за тоа дека Халанд е незадоволен, прашајте ги медиумите во Мадрид, можеби тие имаат повеќе информации од нас.

– Ние немаме чувство дека Ерлинг е незадоволен во Сити, беше незадоволен само неодамна и тоа поради фактот што два месеца не можеше да игра фудбал поради повреда.

– Не можеме да контролираме што ќе се зборува и пишува, најважно е што Халанд е среќен во нашиот тим. Во првиот момент кога нема да се чувствува така, ќе може да го направи следниот чекор, – рекол Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни