Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола: Голем дел од луѓето не ме сакаа во Барселона и тоа беа совршени услови за мене!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола после неколку неуспешни обиди ја освои титулата во Лигата на шампионите со Манчестер Сити и си симна голем товар од грбот, па тоа му овозможи да биде и доста поотворен за новинарите кои често знаеја да го провоцираат за единствениот трофеј кој му недостасуваше во Англија.

Гвардиола одбележува една незаборавна фудбалска ера на „Итихад“ и оваа сезона брка историска четврта титула во низа во Премиер лигата, а како што вели самиот, најголема мотивација секогаш му биле луѓето кои се сомневаат во него.

Говорејќи во последното интервју за бразилски „ЕСПН“, Пеп се наврати и на своите почетоци во Барселона, кога речиси 90 проценти од испитаниците се сомневале во него и верувале дека тој не е вистинскиот човек за првиот тим на каталонскиот гигант.

– Кога сте на врвот, сите сакаат да те урнат и да те видат доле. Тоа се ривалите, критичарите, многу луѓе сакаат да го дискредитираат вашиот успех. Најпрво ми велеа дека сум успешен само поради Лео Меси, а сега ми велат дека сум успешен само поради парите кои ги има Сити. Тоа е тоа, таква е реалноста во фудбалот.

– Кога доаѓав во Барселона, 86 проценти од луѓето не ме сакаа таму, а јас сметав дека тоа е совршено за мене. Подобро да дојдам кога се сомневаат, отколку кога сите мислат дека се ќе биде фантастично. Сакам кога луѓето се сомневаат во мене, потребна ми е таа провокација, ми дава енергија да бидам уште подобар, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни