Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го спореди новиот херој на Сити со Меси, Фоден му одговори

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од пресвртот кој го направи Манчестер Сити во дербито со Јунајтед, резултат кој на крајот направи да биде спроведена на дело цела иницијатива која ја имаа „граѓаните“ во второто полувреме.

Фил Фоден беше херој на мечот со два постигнати гола за 1:1 и 2:1, а Гвардиола веднаш по крајот на дербито почна да дели комплименти за Англичанецот и заклучи дека тој е најдобар играч на Сити оваа сезона.

Медиумите сега откриваат дека комплиментите продолжиле и после обраќањата во микс-зоната, па Шпанецот дури го споредил својот фудбалер со Лео Меси.

– Против добрите играчи може да играте добро, но најважно е да донесете победа. Јас ги сретнав најдобрите играчи во светот, го сретнав и најголемиот, Лео Меси. Фоден има квалитет да добива натпревари какошто тоа го правеше Меси. Не сакам да ги споредувам целосно, бидејќи Лео можеше да направи се и Фил сепак не е на тоа ниво, – изјави Пеп Гвардиола, кој во минатото посочи дека Фоден е најталентираниот фудбалер кој го тренирал во кариерата (тогаш образложи дека го мисли тоа поради фактот што Меси веќе бил готов продукт кога тој го водел првиот тим на Барса).

– Јас како Меси? Нема шанси. Никој не може да се споредува со Меси, тој е во некој свој свет, но да се слушне такво нешто од менаџерот секогаш е многу убаво, – гласи одговорот кој Фоден го подготви за Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни