Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го разјасни својот однос со Де Брујне: Точно е, не сакам да игра…… (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола секојдневно мора да се соочува со натписи за неговата најлоша резултатска криза во тренерската кариера, но Шпанецот мора да чита и натписи кои ја доведуваат во прашање и неговата блискост со една од најголемите ѕвезди во првито тим.

Џејми Карагер, Гери Невил и Мика Ричардс заклучија дека нешто не е во ред меѓу Гвардиола и Кевин Де Брујне откако Белгиецот беше изостваен од стартната постава на дербито со Ливерпул, а бидејќи тезите на англиските медиуми добија посебно значење поради претпоставките на легендите, Пеп сега почувствува потреба да се јави со доза на сарказам од прес-центарот.

Манчестер Сити денеска игра против Нотингем Форест на натпревар на кој ќе брка прва победа после седум меча, а во најавата за истиот, Пеп се огласи за својот однос со Кевин.

– Луѓето велат дека имам проблем со Кевин, дека не сакам да игра најталентираниот играч кој го имаме во завршната третина. Да, така, не сакам да игра….., – иронично порача Гвардиола и додава.

– Имам личен проблем со него после девет години заедно? Тој ми ги овозможи најголемите успеси во клубот, но беше во аут со месеци и има 33 години. Нема веќе 26 или 27 години, сите сакаме да игра во таа форма, сака и тој. Но, не може тоа да се случи преку ноќ, треба да одиме чекор по чекор со него. Тој се чувствува подобро и ќе даде се за да се врати во форма, очаен сум да го имаме најдоброто издание на Кевин, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни