Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го потврди најцрното сценарио за Родри: Утрово му беше извршена операција!

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити пред три дена соопшти дека Родри ги оштетил лигаментите и дека ќе мора да мине низ процес на дополнителни прегледи за да се утврди тежината на повредата, но како што јавува Пеп Гвардиола, шпанскиот репрезентативец рано утрово подлегнал на оперативен зафат.

Иако првичните проценки по крајот на дербито со Арсенал беа прилично оптимистични, на крајот испадна дека повредата е многу потешка од предвиденото, бидејќи покрај кинењето на предниот вкрстен лигамент, Родри го оштетил и менискусот.

Клучниот играч за врска утрово имал успешна операција и сезоната за него и дефинитивно е завршена, бидејќи процесот на рехабилитација би требало да се одвива од осум до девет месеци.

– Родри имаше опрација ова утро и истата мина успешно. Го скинал предниот вкрстен лигамент и дел од менискусот. Оваа сезона е готова за него, ќе биде со нас за следната, – потврди Пеп Гвардиола.

Инаку, операцијата на Родри му била направена во Мадрид, и тоа од хирургот кој успешно ги интервенираше Тибо Куртоа и Едер Милитао од истата повреда пред една година (др. Мануел Лејес).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни