Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го посочи играчот на Јунајтед кој најмногу го почитува пред големото дерби на „Итихад“

Објавено

на

blank

Манчестер Сити го пречекува големот дерби против Манчестер Јунајтед со страшна серија од 21 победа во низа и 14 бодови предност на табелата, па јасно е дека тимот на Пеп Гвардиола доста порелаксирано може да влезе во овој голем меч кој сега и нема толку важно значење во битката за титулата.

Неверојатната серија и фактот што игра на домашен терен, прави Сити да биде голем фаворит за освојување на трите бода, но со таа теорија не се согласува шпанскиот стручњак кој со јасен нагласок потенцираше дека неговиот тим игра против Манчестер Јунајтед.

Интересно, во кратката анализа на противникот, Пеп го посочи и играчот на Јунајтед кој најмногу го почитува, ставајќи го во прв план искусниот голгетер Единсон Кавани.

– Јунајтед е силен во многу елементи. Дефанзивно се добри, го имаат Бруно Фернандеш, забрзувањето од играчи како Џејмс, Рашфорд и Марсијал.

– Го имаат и искуството на Кавани, играч кој го почитувам најмногу во нивниот тим. Станува збор за играч кој направи многу во својата кариера и навистина го почитувам. Играме против МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, чест е да се игра против нив во било кое време, – нагласи менаџерот на Сити во пресрет на неделното дерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни