Англија
Гвардиола го пофали Халанд по хет-трикот: Бројките се неверојатни
Во натпреварот од второто коло од Премиер лигата, игран на „Етихад“ избраниците на Пеп Гвардиола ги совладаа новајлијата во лигата, тимот на Ипсвич со 4:1 (3:1).
Тоа беше одлично попладне за Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик.
Тоа е десетти хет-трик за Норвежанецот во дресот на Сити, седми во Премиер лигата, а според тој учинок само Серхио Агуеро (12), Алан Ширер (11), Роби Фаулер (9) и Хари Кејн, Тиери Анри и Мајкл се пред него со по осум.
Халанд сега е изедначен на петтото место со Вејн Руни.По натпреварот Пеп Гвардиола го пофали норвешкиот напаѓач.
„Тој е многу сигурен од белата точка. Тој асистираше за вториот, фантастичен гол за третиот. Многу се мачеше минатата сезона, особено на почетокот. Се чувствуваше уморен и имаше проблеми со повреди поголемиот дел од времето. Летово одмораше, тој не беше на ЕП и тоа донесе добри вибрации. Бројките се неверојатни“, вели стратегот на „граѓаните“.
Тој беше задоволен од тоа како неговиот тим одговори откако Ипсвич поведе.
“Тоа беше добар натпревар. Почнавме добро, па тие дадоа гол во транзиција, но одигравме навистина добро. Задоволен сум што ја започнавме сезоната на овој начин”, изјави Пеп.
-
Италијапред 18 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 16 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 17 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 21 час
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 17 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 11 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………