Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го пикирал германскиот виртуоз како идеален наследник за Де Брујне

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Пеп Гвардиола полека го освежува тимот во Манчестер Сити и во јануари донесе свежи сили кои треба да се покажат во иднина, а најавите се дека ќе има уште поголем ремонт на „Итихад“ претстојново лето.

Сити потроши повеќе од 200 милиони евра за четворица фудбалери изминатиот месец, но раководството на клубот веќе има подготвено нова сериозна финансиска инјекција за Гвардиола, кој од јуни ќе треба да добие нов „Кевин Де Брујне“ во својот тим.

Белгиецот значително опадна во формата во својата последна година од договорот и се поизвесно е дека си заминува од Сити по историјата која ја испиша во овој клуб, па така водечките луѓе веќе се насочуваат на иднина која е планирана без него.

„Дејли мејл“ ексклузивно информира дека Сити има состваено и листа од потенцијални играчи кои би го замениле Де Брујне, а на врвот на истата е германскиот фудбалски виртуоз кој игра во тимот на Чаби Алонсо.

Пеп потајно посакува да го добие Флоријан Вирц како идеален наследник за Де Брујне, но оваа мисија за Шпанецот нема да биде воопшто лесна, од една страна поради сумата, но и поради конкуренцијата.

Леверкузен очекува да инкасира најмалку 100 милиони евра за Вирц, фудбалер за кој заинтересирани се и Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни