Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го „пецна“ Јунајтед по тешкиот пораз од Аморим во Лигата на шампиони

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити доживеа нов пораз во краток временски интервал и дојде до сценарио какво што не се памети цели шест години, бидејќи англискиот шампион последен пат загуби на три меча во низа во 2018-та година.

Неуспесите со Тотенхем во Лига Купот и Борнмут во Премиер лигата беа надополнети со пораз од Спортинг во Лигата на шампиони, но истиот беше уште поболен бидејќи дојде од човекот кој набрзо ќе биде менаџер на Манчестер Јунајтед.

Рубен Аморим ја доби тактичката битка со Пеп Гвардиола и неговиот Спортинг победи со 4:1 на последниот меч на кој го водеше тимот во Лига на шампиони, а бидејќи на Шпанецот му беа поставени прашања за Португалецот во контекст на тоа што го чека во Англија, искусниот лисец не пропушти да испорача и една провокација.

– Видовме како игра неговиот тим, а сега ќе го гледаме и во Англија. Сигурно ќе играме двапати против него во Премиер лигата, можеби и во ФА Купот, но во Лигата на шампионите не е возможно да играме против нив, – порача Гвардиола, јасно ставајќи акцент на фактот што Јунајтед не игра во најелитното европско натпреварување.

– Ќе видиме како ќе одат тие натпревари, има време за тоа. Јас учам од сите тренери кои ги имам за противници, така ќе биде и со Рубен. Не се грижам премногу за него, мој приоритет е да се вратиме на нашето најдобро ниво. Мора да се обидеме да се вратиме од овие удари. Разговаравме со играчите уште пред сезоната. Знаевме дека не чека огромен предизвик оваа сезона, ќе биде тешко за нас поради многу причини, а засега навистина ни се потврди таа прогноза, – изјави Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни