Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола го најави финалето со Интер: Го прифаќаме ставот на јавноста

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола на неколку дена пред големото финале во Истанбул ја прифаќа фаворитската улога која ја има Манчестер Сити, но истовремено е свесен дека на неговиот тим нема да му биде воопшто лесно против Интер.

Италијанскиот тим игра со тактика со пет дефанзивци и истиот систем го користеше Томас Тухел пред две години, кога тимот на Гвардиола загуби од Челси во големото финале.

– Го кажав ова во повеќе наврати, за да бидеме најдобри во Европа, мораме да бидеме на друго ниво во однос на другите. Ние не можеме да победиме на нијанси, мора да бидеме подобри од другиот и тоа ни е јасно. Нема да биде лесно да напаѓаме систем со пет играчи, но ќе мора да го пронајдеме својот ритам и да бидеме трпеливи.

– Знаеме дека може да дојде до период кога ќе станеме нервозни, но Интер е тим кој обично ги контролира натпреварите во Серија А и на нив нема да им биде сеедно. Знаеме дека играме финале против топ тим и мора да оствариме победа.

– Ние сме убедени дека можеме, самоуверен сум, но истовремено го истакнувам и квалитетот на противникот. Ние сме навикнати да бидеме фаворити, не гледам зошто тоа би било поопасно за нас во едно финале. Ја прифаќаме таа улога и ќе излеземе на теренот да го покажеме квалитетот. Го прифаќаме тоа што го велат луѓето и јавноста, немаме проблем со тоа дека сме фаворити, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни