Поврзете се со нас

Германија

Гвардиола го коментираше изненадувачкиот премин на Компани во Баерн Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Венсан Компани е во завршни преговори со Баерн Минхен и се очекува наредните денови да биде претставен како наследник на Томас Тухел, откако баварците претходно имаа неколку неуспешни обиди да донесат брзо решение за својата клупа.

Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник категорично го одбија германскиот великан, кој во недости на други интересни опции на трансфер пазарот, на крајот се свртеа кон стоперот кој е легенда на Манчестер Сити.

Комапани е прилично нов во тренерските води и најголемото искуство го имаше во Барнли, тим кој пред една година го внесе во Премиер лигата, но со кој сега и испадна од елитното друштво.

Поради тоа, неговата поврзаност со Баерн Минхен пристигна како големо изненадување за експертите, но Пеп Гвардиола не се сомнева дека Вини би завршил навистина добра работа на „Алијанц арена“.

– Навистина сум среќен за поврзаноста меѓу Баерн и Вини. Имам нависитина големо мислење за Компани, нема никакво значење тоа што испадна од Премиер лигата со Барнли. Имам највисоко мислење за неговата работа, за неговиот карарктер, познавањето кое го има кон играта и начинот на кој се позиционира во јавноста, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни