Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола го испушти Кукурелја, но договорил друг шпански бек

Објавено

на

Манчестер Сити остана без класичен лев бек, бидејќи го продаде Зинченко во Арсенал, а подоцна не успеа да го реализира трансферот на Кукурелја.

Шпанецот заврши во Челси, но Пеп Гвардиола брзо заборави на овој неуспех и пронашол алтернатива за спорната позиција.

Се работи за сонародникот на Кукурелја и Гвардиола, Шпанецот Серхио Гомез, кој доаѓа од Андерлехт и сигурно ќе биде еден од најизненадувачките трансфери на големите клубови ова лето.

Сити ќе плати помалку од 15 милиони евра за услугите на Гомез, а Гвардиола ќе добие играч кој потекнува од младинската академија на Барселона и настапува за младинската репрезентација на Шпанија.

Гомез веројатно нема експресно да преземе голема одговорност во редовите на англискиот првак, но ќе биде прва замена за Жоао Кансело, кој принудно покрива на левата бековска позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни