Англија
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер
Пеп Гвардиола едноставно не може да крене глава од повреди од стартот на сезоната, па дури и во ситуација кога неговиот тим ја оствари првата победа по пауза од седум меча, шпанскиот стручњак мора да се занимава со слични проблеми.
Англискиот првак ја прекина историски лошата серија во ерата на Пеп и успеа да го победи Нотингем Форест со 3:0, натпревар на кој блескаше Кевин Де Брујне како стартер, но на кој повреди заработија Аканџи и Аке.
Гвардиола откри дека далеку посериозна е онаа на холандскиот фудбалер, кој според него сега ќе мора да отсуствува доста долго од терените.
– Сите видовме каква разлика прави Кевин. Кога тој е фит, тој е еден од најважните играчи за нас. Потребна ни беше оваа победа и Де Брујне ни помогна во тоа. Потребна му беше на тимот, на клубот, на самите играчи. Ова е само една победа, се надевам дека ќе биде почеток на една серија, – изјави Гвардиола, кој потоа се осврна на лошите вести.
– Нашите проблеми со повреди продолжија со Аканџи и Аке. Ме загрижува тоа што онаа на Аке не изгледа воопшто добро. Ќе видиме по деталните прегледи, но навистина сум тажен за него. Мислам дека долго ќе отсуствува од терените. Аканџи не е толку лош, можеби ќе игра против Јувентус во Торино, но Аке ќе го нема долго, – додаде Пеп по повредата на задната ложа поради која Натан веќе отсуствуваше пет недели.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот