Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Гледате зошто Палмер заврши во Челси, навистина не жалам за него

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кол Палмер ја отвори сезоната како играч на Манчестер Сити и беше убедливо најдобар играч во европското Суперкуп финале, но и покрај тоа што воодушеви со потенцијалот кој го покажа, на крајот не се избори за место во тимот на Пеп Гвардиола.

Шпанецот му дозволи да направи трансфер и Палмер на крајот од преодниот рок заврши во Челси, тим кој утре ќе го пречека актуелниот англиски и европски шампион на „Стемфорд Бриџ“.

Палмер сигурно ќе има дополнителен мотив да се покажува против поранешните соиграчи и менаџер, но истото важи и за Рахим Стерлинг кој во минатото беше еден од најважните играчи на Пеп.

– Не жалам за него и навистина сум задоволен од тоа што го гледам. Причината поради која си замина е таа што ја гледате на теренот. Во Челси почесто на е на теренот, тој го бараше тоа и го доби во Челси. Го доби тоа што го сакаше и затоа му честитам. Тоа е момче кое пристигна од академијата и му посакуваме се најдобро во иднина.

– Во последно време, се почесто игра и Стерлинг. Тој се враќа во најдобра форма со оглед на тоа што го гледам од него. Креира опасност за ривалите, нешто што го правеше за нас со години. Тој беше голем дел од нашите успеси, Рахим беше навистина важен играч за мене и Сити, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни