Лига на шампиони
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето

Пеп Гвардиола не пропушти да нагласи дека Интер има многу побогата историја од Манчестер Сити во Европа и свесен е дека традицијата е на нивна страна, но гледајќи од друг агол, вели дека има подготвено план за вечерашното големо финале во Истанбул.
Сити ќе ја брката првата титула во Лигата на шампионите во второто финале кое го игра во последните три сезони, па иако фокусот максимално е насочен кон неговите играчи, Пеп ги истакна и двајцата фудбалери на Интер кои му привлекле големо внимание оваа сезона.
– Поради начинот на кој играат, Онана е навистина многу добар. Интер игра со висок пресинг и има големи придобивки од доброто играње со нога на Онана. Исто така, многу е добар и Бастони на левата страна како дефанзивец. Тој има посебен квалитет и се поврзува лесно со напаѓачите и секогаш има квалитет за да даде екстра пас во секое време, – изјави Гвардиола.
– Гледав многу натпревари на Интер и направив многу анализи. Знам што треба да се направи, но на крајот на краиштата, се игра еден фудбалски меч. Тимот кој ќе биде подобар во 95 минути ќе си замине со победа.
– Историски гледано, Интер е поголем од нас, но тоа нема да биде важно кога ќе почне натпреварот. Ќе биде важно во Истанбул да ги имаме најдобрите перформанси. Имам план за мечот, идеите веќе се пренасочени кон играчите. Ако оствариме успех, ќе биде добро за нас. Подготвени сме, играчите ќе дадат се од себе и ќе го почитуваме противникот на теренот, – изјави Пеп.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…