Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне

Објавено

на

Манчестер Сити остана без шанса да се бори за историски четири титули во една сезона, но сепак, Пеп Гвардиола најлошата вест на денешното полуфинале против Челси ја доби на стартот на вториот дел.

„Граѓаните“ загубија од „лондонските сини“ со 1:0 и останаа без можност да ги освојат сите титули во сите натпреварувања во кои играат, но најнеповолна вест за Пеп е тоа што во наредниот период ќе треба да стравува за здравјето на својот најдобар фудбалер во офанзивниот дел од играта.

Кевин Де Брујн со болна гримаса беше повлечен од игра на стартот на вториот дел и јасно укажа дека има проблеми со зглобот, а Гвардиола по полуфиналето на „Вембли“ порача дека првичните сигнали од Белгиецот не се баш оптимистички, што секако е исклучително лоша вест на десетина дена пред полуфиналето со ПСЖ во Лигата на шампионите.

– Кевин чувствува доста голема болка, утре ќе има тестови и прегледи со лекарскиот тим. Очигледно е дека не изгледа добро во прв момент, но ќе почекаме и ќе видиме што ќе кажат тестовите, – изјави Пеп кој секако ги загрижи фановите на Сити.

Лидерот во Премиер лигата дефинитивно изгледа доста поинаку со Белгиецот и без него во тимот, а во наредните неколку дена ќе биде познато дали ќе може да настапи на првиот меч против ПСЖ кој се игра на крајот на месец април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни