Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: „Ел Класико“ како пример? Анчелоти направи нешто што обично не го прави

Објавено

на

Пеп Гвардиола најави дека на свој начин ќе се подготвува за реванш полуфиналето со Реал Мадрид, односно потенцираше дека нема да бара примери од други натпревари кои ги одигра тимот на Карло Анчелоти оваа сезона.

Дел од експертите му препорачаа на Пеп да го анализира последното „Ел Класико“ дерби и да види како Чави Ернандес успеа со својата Барса да победи со 0:4, но Гвардиола концизно отфрли такво нешто и порача дека тој натпревар не е пример за вистинското лице на Реал поради две едноставни причини.

Едната е поради фактот што на тој меч не играше Карим Бензема, а втората е чудната тактичка ориентација на Карло Анчелоти кој реши да го игра Лука Модриќ многу поофанзивно од обично.

– Да бидам најискрен, не го гледав тој натпревар меѓу Реал Мадрид и Барселона, видов само хајлајтс. Она што го знам е дека тој ден не играше Бензема, а има и нешто друго.

– Анчелоти направи нешто што не го прави обично. Го играше Модриќ на необична позиција и затоа тој меч не е пример за она што треба да го правиме утре, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни