Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч

Објавено

на

Манчестер Сити успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Астон Вила (2-1) и дополнително да се доближи до пехарот во Премиер лигата.

„Граѓаните“ имаат двоцифрена предност во однос на најблискиот конкурент Манчестер Јунајтед и со тоа имаат отворен пат до титулата во шампионатот. Тренерот Пеп Гвардиола е секако задоволен поради новата победа и новиот направен чекор, а притоа уште еднаш го пофали талентираниот Фил Фоден кој погоди на „Вила Парк“.

-Тој расте, ова момче напредува. Постојано чекори напред. Неговото влијание во нашата игра е големо во моментов. Тој е толку агресивен без топка. Станува сериозен играч. Има момци кои на 19, 20 години се незапирливи. Потоа други кои на 29, 30 кои не се.

-Фил токму сега особено во последните натпревари, станува толку важен играч. Неговото влијание во завршната третина е многу важно, -истакна Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни