Гвардиола е импресиониран од еден играч на „граѓаните“: Тој ќе биде ѕвезда на Сити во наредните 10 години

Pep Guardiola- Phil Foden

Англискиот шампион Манчестер Сити лесно го мина гостувањето кај Оксфорд Јунајтед во рамките на лига Купот остварувајќи триумф од 3-0.

„Граѓаните“ настапија со комбиниран тим, но и тоа не беше пречка да одговорат на предизвикот со тоа што еден млад играч блесна на оваа средба, а тоа е талентираниот Фил Фоден.

Тој ги одигра сите 90 минути во кои беше опасен, конкретен, учествуваше во сите акции, а воедно запиша асистенција и погодок кој беше негов прв за сениорскиот состав.

Фоден воедно го импресионираше и Пеп Гвардиола кој јасно порача дека ова момче во следните 10 години може да биде вистински столб и клучен играч на Сити.

-Начинот на кој го прослави првиот гол беше како на финале на СП и тоа е така затоа што е навивач на Сити. Мојот сон за него е е да остане 10 години и ако Фил остане 10 години, може во следната деценија да игра постојано, а потоа не знам што може да се случи со него, -порача Пеп кој не сакаше да му прави дополнителен притисок на Фоден притоа споредувајќи го со Андрес Иниеста како што тоа го направи тренерот на Оксфорд, Карл Робинсон.

-Ова се големи, големи зборови. Многу пати реков дека сме задоволни со Фил. Јас нема да кажам дека тој ќе стане Андрес Иниеста бидејќи тоа ќе биде дополнителен притисок за него. Иниеста е еден од најдобрите играчи што ги имам видено во мојот живот, па затоа не можеме да го притиснеме Фил. Но, тој има квалитет да остане тука 10 години, бидејќи мислам дека сака да остане, мислам дека клубот го сака. Но, чекор по чекор, тој треба редовно да игра, но мислам дека ги има сите вештини за да си игра со нас, -додаде шпанскиот стратег.

Facebook Коментари