Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Џерард е во Премиер лигата, тоа значи…

Објавено

на

Манчестер Сити утре има незгодно гостување во Бирмингем кај Астон Вила, меч кој се игра во вечераниот термин од 21:15 часот.

Вила под водство на новиот тренер Стивен Џерард запиша две победи против Брајтон и Кристал Палас, па Пеп Гвардиола испрати комплименти на адреса на легендарниот англиски репрезентативец.

-Ако Џерард е во Премиер лигата, тоа значи дека е добар менаџер. Не верувам дека има некој менаџер во Премиер лигата или Чемпионшип кој нема квалитет. Очекувам тежок натпревар, -рече Пеп кој откри каква е ситуацијата со Де Брујне, Грилиш и Фоуден.

-Де Брујне се уште не тренирал. Доби негативен тест, но не може да тренира. Џек и Фил работеа со тимот во понеделникот. Ќе видиме дали ќе можат да патуваат, истакна Шпанецот кој проговори и за најактуелната тема „Златната топка“.

-Не ме прашувајте за Златната топка. Немојте тоа да ме прашувате. Не можеме да кажеме дека не е фер затоа што Меси победи. Ако Левандовски ја добиеше наградата за се што покажа во Баерн во последните две години, немаше да можете да кажете дека не ја заслужил, -заврши тренерот на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни