Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола дозна на колку време останува без Едерсон, Бразилецот го пропушта клучното дерби на „Итихад“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Едерсон Мораеш направи пенал над Дарвин Нуњез откако Аке беше невнимателен и врати ризични топка кон својот голман, а при судирот со напаѓачот на Ливерпул голманот на Сити заработи и незгодна повреда.

Бразилецот успеа да застане на нозе во прв момент и остана на голот, но неколку минути подоцна падна на земја и побара измена од својот менаџер Пеп Гвардиола.

Шпанецот веднаш по крајот на дербито откри дека повредата не изгледа баш добро, а најугледните англиски медиуми сега откриваат дека Бразилецот заработи истегнување од повисок степен, поради што ќе мора да паузира четири недели.

Тоа значи дека Едерсон нема да му се стави на располагање на Бразил за репрезентативната пауза, но ќе го пропушти и клучното дерби со Арсенал кое ќе биде еден од натпреварите кои ќе решаваат за титула.

Овој натпревар е закажан за 31-ви март на „Итихад“, а покрај овој натпревар, со сигурност Едерсон ќе го прескокне и претстојниот дуел со Њукасл во ФА купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни