Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Добро би ми дошла пауза и можност да видам каде сум грешел

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити се подготвува за утрешното гостување кај Јувентус во Лигата на шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола и натаму е под притисок на резултатската криза и големиот број повредени играчи.

Во своето последно гостување во една кулинарска емисија, Гвардиола зборувал за актуелниот статус на фудбалската сцена и желбата да земе подолг одмор.

– Би сакал да го напуштам фудбалот и да играм голф, но за жал не можам.

– Ќе дојде време кога ќе почувствувам дека е доста и навистина ќе се повлечам. Не би го напуштил Сити за да преземам друг клуб во друга земја и за да го правам истото.

– Нема да имам енергија за такво нешто, замислете одново да почнам со сите досегашни фази, со процесот на тренинг и се останато. Можеби би водел репрезентација, но тоа е поинаку.

– Би требало да направам пауза, да застанам и да видам што сум направил добро, а што можам подобро. Кога сте зафатени цел ден, немате време за такво нешто, па затоа добро би ми дошла пауза, – рекол Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни