Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола доби многу лоша вест од големото дерби на „Вембли“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Мартовискиот репрезентативен прозорец е резервиран за пријателски натпревари на кои се темпира формата за Европското првенство во Германија, па додека селекторите уживаат во средбата со своите избраници, клупските тренери треперат и стравуваат од можни повреди за клучниот дел од сезоната.

ФИФА вирусот често знае да погоди фудбалери кои се клучни за своите тимови, а мора да се напомене дека Пеп Гвардиола вечерва доби доста лоша вест од големото дерби на „Вембли“.

Бразил успеа да ја победи Англија со голот на Ендрик во 80-та минута, но за Гвардиола многу поважно е она што се случи во раната фаза на натпреварот, кога капитенот на англискиот тим се пожали на повреда.

Вокер се повреди при еден спринт и исфрлање на топката, па иако во прв момент се обиде да продолжи, потоа побара измена од селекторот Герет Саутгејт.

Десниот бек е клучен за Гвардиола оваа сезона и ако се работи за мускулна повреда тоа нема да биде воопшто добро за Шпанецот, бидејќи по репрезентативната пауза следи големо дерби со Арсенал на „Итихад“, па двомеч со Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни