Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Де Брујне не се чувствува добро

Објавено

на

Манчестер Сити сезонава повторно се соочи со повреди на неколку клучни играчи, а меѓу оние кои хронично имаат причина за пауза е Кевин де Брујне.

Значењето на Белгиецот за играта на Сити е големо, но тој и натаму не е во комбинација и нема да биде ниту на дуелот со Спарта Прага во Лигата на шампионите.

Родри и Боб ќе паузираат подолго и новинарите не ни прашуваат за нивниот статус, но менаџерот Пеп Гвардиола постојано мора да информира за состојбата на Де Брујне.

– Кевин не се чувствува добро, па иако не се работи за нов проблем, се уште не е фит за да настапи.

– Тренира поинтензивно, но ми кажа дека не се чувствува добро, а во таква ситуација мора да му дадеме повеќе време. Се уште не е во позиција да го изрази својот потенцијал на теренот, – рекол Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни