Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола дал зелено светло за изненадувачки трансфер вреден 50 милиони евра

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола се соочи со низа проблеми од стартот на сезоната и самиот најави дека ќе проба да реши дел од нив во зимскиот преоден рок, фаза од годината која ќе ја искористи да го засили својот тим.

Шпанскиот стручњак најави дека англискиот шампион ќе донесе најмалку две засилувања, а како што стојат работите, „граѓаните“ се пред комплетирање на првото зимско засилување.

Чики Бегиристан го има последниот преоден рок како одговорен за спортскиот проект на Сити, па неговиот план да е донесе млади и свежи сили кои ќе му носат гаранции на Гвардиола за годините кои претстојат.

Како што јавуваат угледните медиуми од Островот, Абдулкодир Хусанов ќе биде изненадувачкото прво зимско засилување за Манчестер Сити во јануарскиот преоден рок, и тоа откако Пеп Гвардиола дал зелено светло за ангажман на талентираниот стопер.

Трансферот ќе донесе заработка од околу 50 милиони евра за неговиот актуелен клуб Ленс, а со тоа, Хусанов ќе стане првиот Узбекистанец во историјата кој го облекол дресот на Манчестер Сити.

Планот е Хусанов да не биде единствениот кој ќе го засили тимот на Манчестер Сити, бидејќи клубот веќе има отпочнато сериозни преговори и со Ајнтрахт Франкфурт за купување на сензационалниот офанзивен фудбалер, Омар Мармуш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни