Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола даде одговор за „клаузулата Реал Мадрид“ во договорот на Халанд

Објавено

на

Иако е само неколку месеци во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола брзо се најде во ситуација да говори за иднината на Ерлинг Халанд, а тоа е така поради последната шпекулација која се појави пред вчерашните натпревари во Лигата на шампионите.

Изворите кои велат дека Халанд има вметната клаузула за трансфер во Реал Мадрид после две сезони во Манчестер Сити вчера ја направија интересна и прес-конференцијата на Гвардиола, кој сепак ги демантираше ваквите гласини и нагласи дека Норвежанецот нема таканаречен предуслов за договор со ниту еден друг клуб.

– Нема вистина во тоа. Халанд нема олеснителна клаузула за Реал Мадрид, ниту за било кој друг клуб. Не можеме да ги контролираме гласините и она што се објавува во јавноста.

– Јас се грижам за она што можам да го контролирам, а тоа е мојот тим. Халанд извонредно се вклопи во нашиот тим и тука кратко време. Тука е неколку месеци, а игра како да е многу долго со нас. Изгледа како да ужива на теренот, ќе се обидеме да го направиме среќен. Не знам што носи иднината, но сега е задоволен и се чувствува сакано во Сити, – изјави Гвардиола кој откри и зошто го извадил на полувреме против Копенхаген.

– Халанд одигра многу минути од стартот на сезоната, а овој меч беше под контрола уште во првото полувреме и решивме дека е време за Палмер. Ако мечот беше тесен, Халанд ќе останеше на теренот, но во вакви околности, беше подобро да го одмориме за Саутемптон. Тоа е тим кој не успеавме да го победиме минатата сезона во два наврати, – додаде Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни