Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Чувствувам дека Јунајтед ќе се врати

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола е свесен дека Манчестер Јунајтед добил сериозно засилување во новиот косопственик Џим Ретклиф и поради тоа очекува враќање на големиот градски ривал на врвот на англиската и европската фудбалска сцена.

Ретклиф од пред неколку дена е сопственик на 27,7 проценти од акциите на Јунајтед, а менаџерот на Сити денеска добил прашање што мисли за оптимистичките најави на милијардерот дека ќе ги врати „црвените ѓаволи“ на местото на кое беа во минатото.

– Во моментот кога некој клуб ќе почне да го следи нашиот пример, ќе ни се приближи побргу. Ако сакаат да демантираат работи кои се реалност, тогаш тоа не е наш, туку нивен проблем.

– Кога ние бевме зад одредени клубови, секогаш им се восхитував и размислував што треба да направиме да им се приближиме. Кога ние бевме под Јунајтед, ги гледавме и им се восхитувавме. Затоа имам чувство дека и тие ќе се вратат.

– Чувствувам дека тие знаат што треба да направат, со поставување вистински луѓе на позициите кои се важни. Но, тоа е нормално, бидејќи не е само Јунајтед, сите клубови сакаат да бидат на тоа место, – рекол Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни