Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола брутално искрен за настапот на Гундоган: Тоа беше еден од неговите најлоши натпревари

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити рутински го совлада Слован во Лигата на шампионите, победа од 4-0 која беше прва за англискиот тим во новиот формат.

Фил Фоден со гол и асистенција беше најдобар на теренот, а веднаш до него беше искусниот Илкај Гундоган кој летово се врати на „Итихад“. Тренерот Пеп Гвардиола беше задоволен од изданието на Гундоган, но притоа и обелодени дека играчот на врска комплетно потфрлил на лигашкото соочување со Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.

-Да, денеска играше на ниво за кое знаеме дека може да го направи тоа, тој има силен менталитет, натпреварот против Њукасл не беше навистина, навистина добар, еден од најлошите што сум ги видел од него во изминатите осум или девет години, ама и тоа се случува.

-Тоа е ритам, затоа треба да игра. На својата позиција, главен играч од средниот ред, тој е толку интелигентен и освен неговиот гол, имаше фантастичен натпревар, -рече перфекционистот Гвардиола.

Сити израмни рекорд на Јунајтед, Гвардиола го надмина Фергусон

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни