Лига на шампиони
Гвардиола: Бев во Минхен три години, знам што не чека таму….

Манчестер Сити одигра величествен натпревар на домашен терен и го преслуша Баерн Минхен со 3:0, но додека голем дел од светската јавност го гледа тимот на Пеп Гвардиола со една нога во полуфиналето, Шпанецот ги предупредува своите играчи.
Шпанецот е горд и емотивно исрцпен по првиот меч кој се одигра на „Итихад“, кој според него не бил воопшто лесен како што покажува конечните резултат.
– Дадовме многу голови во ова натпреварување оваа сезона и влеговме со самодоверба во мечот. Ова не беше лесен меч, емотивно сум уништен. Се чувствувам како да имам десет години повеќе по мечот вечерва.
– Ова беше тежок меч, сега ќе имаме слободен ден, а после ќе се подготвуваме за Лестер. Ова е неверојатен резултат, но моравме да одиграме со карактер за да го оствариме тоа.
– Дури да го игравме првиот меч во Минхен и да остваревме лош резултат како нив, мислам дека ќе имавме шанси на домашен терен. Оваа сезона имаме нешто специјално на домашен терен. Истото важи и за нив во Минхен. Јас бев таму три години, вие не сте биле. Знам што значи да се игра таму со нивните луѓе. Мора да одиме таму да постигнеме голови, ако одиме само да се појавиме, ќе ни биде многу тешко. Потребни се два натпревари, се може да се случи на „Алијанц арена“, – изјави Гвардиола по победата од 3:0.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 24 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки