Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола беше обвинет по елиминацијата од Челси, па порача: Очајни сте

Објавено

на

Менаџеротна Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се налути по дел од прашањата на новинарите по полуфиналниот натпревар од ФА Купот и поразот од Челси.

Шпанскиот стратег беше обвинет од дел од новинарите кои посочија дека тој не обрнува многу внимание на ФА Купот и дека токму затоа направил осум измени во составот за дуелот со Челси, што довело до послаба игра на нговиот тим.

На ваквите обвинувања, Пеп одговори со жесток тон напаѓајки ги новинарите кои го обвинија одличниот стратег.

– Велите дека не обрнавме внимание на овој натпревар? Мислите дека Стерлинг, Феран Торес или Габриел Жезус не заслужија да го играат натпреварот? Јас не мислам дека не обрнавме внимание. Не може да го кажете тоа за тим кој стигнал до последните фази од сите натпреварувања. Едноставно, го загубивме овој натпревар, а кога ќе го загубите натпреварот, нормално е одлуките да бидат лоши. Но ова што го велите е очајно, навистина очаен аргумент, -изјави Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни