Поврзете се со нас

Англија

Гвардиол: Моето име ми прави проблем во Манчестер, добив и нов прекар

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Јошко Гвардиол минатото лето го засили Манчестер Сити за сума од 90 милиони евра, па иако многумина сметаа дека тоа е премногу пари, Хрватот на крајот покажа дека поседува навистина голем потенцијал.

Дефанзивецот доста време се адаптираше на условите и филозофијата на Пеп Гвардиола, но откако успеа да го надмине првиот тежок период, сезоната ја заврши како еден од најдобрите играчи во тимот на старо-новиот англиски шампион.

Гвардиол фантастично одговори на позицијата лев бек и се снајде одлично и во далеку поофанзивна улога, но покрај сите позитивни моменти кои ги има од првата сезона во Манчестер, вели дека еден проблем се повторувал до самиот крај.

Хрватот обелоденува дека Англичаните навистина се мачат со изговаррањето на неговот име, па поради тоа добил и нов прекар.

– До денешен ден не знаат да го изговорат моето име. Џош, Јос, постојано зборуваат такво нешто. Макат мача со моето име. Се сеќавам дека еднаш отидовме на клупско снимање со Халанд и Карсон, а екипата задолжена за снимање не ми го знаеше името. Плачевме од смеење, еден човек дојде до мене и ме нарече Хос…… Паѓавме од смеење, бидејќи Халанд го нарече Ерик. Халанд не остана Ерик, но јас останав Хос и во соблекувалната, – открива Гвардиол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни