Гвадалахара ја прекина неверојатната победничка серија на Барселона

Barsa-Gvadalahara

Борко Ристовски и неговата Барселона освоија само бод на гостувањето кај Гвадалахара во шпанската АСОБАЛ лига, со што заврши неверојатно долгата победничка серија на Каталонците.

На полувреме фаворитот водеше со 16:13, но Гвадалахара не се откажа од изненадување пред своите фанови и на крајот со резултат 26:26 освои голем бод. Со ова Барселона не успеа да победи по дури 133 натпревари во домашното првенство, а барем засега останува без пораз од мај 2013 година (од Ла Риоха).

Ристовски имал 6 одбрани на денешната средба, неговиот колега Перез де Варгас забележал 7 одбрани, а најефикасен бил Ривера со 7 голови.

Facebook Коментари