Поврзете се со нас

АТП

Гувернерот ја Њујорк ја пренесе конечната одлука за Ју-Ес Опен (Фото)

Објавено

на

По загрижувачките изјави на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ за одржување на Ју-Ес Опен, денеска со своја изјава излезе и контроверзниот Ник Кирјос кој нагласи дека само себичните играчи сакаат да играат во вакви лоши услови, но сепак поплаките на познатите тенисери не ги поколебаа организаторите да одат до крајност.

Гувернерот на Њујорк излезе со официјална информација на Твитер пред неколку минути и потврди дека тенискиот грен слем во Америка ќе се одржи оваа година, без оглед на тоа што најголемите ѕвезди во овој спорт се големи песимисти околу тоа прашање.

Само за напомена, овогодинешното издание е предвидено да се одигра од 31-ви август до 13-ти септември, со тоа што нема да има присуство на публика.

– Ју-Ес Опен ќе биде одржан во Квинс, Њујорк без фанови од 31-ви август до 13-ти септември.

– УСТА организацијата ќе биде исклучително претпазлива за да ги заштити играчите, целиот персонал, а ќе има и големо тестирање, дополнително чистење, дополнителна соблекувална и место за секој играч и посебно сместување и транспорт, – гласи објавата на гувернерот Ендрју Куомо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни