Поврзете се со нас

Шпанија

Гути за контроверзниот гест на Винисиус: Можам да го разберам (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор имаше свое шоу со Мартинез Мунуера и брзо се најде во бележникот на судијата откако влезе во игра, но Бразилецот се претвори во „персона нон грата“ меѓу навивачите на Рајо Валејкано и поради начинот на кој го напуштил теренот.

Иако во прв момент главен фокус се стави на недосудениот пенал кој беше направен врз Бразилецот, на социјалните мрежи посебно значење добие и едно видео од трибината, на кое се гледа како Винисиус има провокативна порака за навивачите на Рајо.

По ремито од 3:3, Вини на дел од навивачите им порачал дека Рајо ќе испадне во Втора лига, а бидејќи Бразилецот се најде на мета на нови критики поради ваквиот гест, во неговата одбрана застана легендарниот Гути.

– И јас како играч имав некој сличен гест. Понекогаш сте нервозен и лут, сте загубиле меч или не бил ваш ден……

– Во такви моменти, не сакате да слушнете како некој ве навредува од трибините. Го разбирам Винисиус, го сфаќам во оваа ситуација и тоа е тоа, – потенцира Гути.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни