Поврзете се со нас

Шпанија

Гути за иднината на Модриќ во Реал: Лука мора да се соочи со новата реалност

Објавено

на

Лука Модриќ повторно стана топ тема во медиумите откако го постигна единствениот гол во победата на Реал над Севилја, но една поранешна ѕвезда на „кралскиот клуб“ не очекува Хрватот да добие поголема минутажа во продолжение од сезоната.

Модриќ најчесто добива шанса од клупата за резервни фудбалери, а Гути смета дека треба да се навикне на таков статус и во иднина.

– Модриќ не се соочува најдобро со својата реална ситуација.

– Мора да сфати дека годините го газат и веќе не може да игра на сите натпревари.

– Физички не е на нивото кое е потребно, може да биде корисен за Реал ако остане, но мора да ја разбере својата улога. Тоа во суштина подразбира помалку настапи и минути како резерва, – рекол Гути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни